Маж лежи среде автопат во Србија, причината непозната (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

На социјалните мрежи се шири видео од маж како лежи покрај автопатот „Милош Велики“. Иако не е познато дали мажот е под дејство на алкохол или е психички нестабилен, факт е дека на овој начин ја загрозува и неговата и безбедноста на возачите, пишува Нова рс.

Возачите ги предупредуваат луѓето што возат по автопатот „Милош Велики“ дека непознато машко лице лежи на сред лента.

Фотографиите на овој човек беа објавени најпрво на Фејсбук, а потоа видеото од местото на настанот започна да се шири на Твитер, со порака возачите да обрнат внимание доколку се движат во оваа насока.

„Неидентификуван маж легна да се одмори, на сред автопат, Милош Велики. Возачи, обрнете внимание на ова видео и водете сметка. Ова не е ниту за шега, ниту за смеа“, пишува на Твитер.

Слични содржини