Маж од Делчево бил заразен со јужноафриканскиот сој, Филипче смирува : „Нема опасност од доминација на друга мутација“

од Берта Китинска

Доминантен во нашата земја е британскиот сој случајот со шоферот од Делчево кој бил заразен со јужноафрикански сој не претставува опасност за доминација на овој вид на мутација во земјава, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Тој појасни дека мажот од Делчево во месец март кој патувал и бил возач на камион е  поединечен случај и нема потенцијална опасно да доминира друг сој над британскиот.

-Според анализите јужноафриканскиот и бразилскиот не се подоминантни од британскиот сој.Овој бран спласнува потребно е една недела за да се одлучи за понатамошно олабавување на мерките, односно наредниот понеделник кога ќе се направи пресекот на две недели, рече Филипче.

Слични содржини