СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги”.

Тој, на 14.12.2019 набавил кокаин, кој подоцна, пред угостителски објект во Охрид му го понудил на друго лице и му овозможил нејзино користење. Пријавениот, поради предозираност со кокаин, на 15.12.2019, во неконтактибилна состојба, бил донесен во Општата болница во Охрид.

Слични содржини