Маж од Штип повторно заболел од Ковид 19

од Берта Китинска

На Инфективното одделение во Штип е хоспитализиран и 46-годишен маж, кој пред месец и половина го прележал коронавирусот и имал два негативни тестови. Но, пред неколку денови повторно е заразен и е на болничко лекување. Ова е прв пациент во Брегалничкиот регион којшто по вторпат е заразен со овој вирус, изјави директор на Клиничката болница Штип, Ален Ѓеорѓијев.

Ѓеорѓијев истакна дека пациентите кои болнички се лекуваат се доминатно од Штип, но има и од Виница, Берово, Кочани, Пробиштип.

-Постапките за поставување на монтажната Ковид болница течат. Инженерите од двете штипски јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион“ се во комуникација, во делот на поставување на водовод и канализација, вели Ѓеорѓијев.

Најави дека изградбата и поставувањето на монтажните бараки на просторот меѓу Педијатрија и Инфективното одделение ќе биде во септември.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова вели дека денеска имаат пристигнато 10 позитивни резултати, а на пунктот со упат од матичен лекар тимот има земено над 55 брисеви. Инаку вчера е починат пациент од Штип од коронавирусот, а станува збор за свештеник.

Слични содржини