Маж почина на плажа во Охрид, Филипче го реанимираше но било предоцна

од Stefanija Kuzmanovska

Немил настан се случил синоќа на охридското крајбрежје кога маж починал, неофицијално како последица на срцев удар, пренесе порталот news1.mk.

Безживотното тело на човекот било извадено од водите на плажата Метропол, а на видеото кое беше објавено се гледа како на помош трча министерот за здравство Венко Филипче, кој бил во близина на отворање на Европскиот маратон.

Филипче 20-тина минути го реанимирал мажот, но за жал веќе било предоцна да се спаси човекот.

Слични содржини