Маж се обидел да ја убие сопругата, ја спасил татко ѝ

од Nikola Popovski

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 43 – годишно лице, привремен жител на село Пепелиште, Неготино, поради основано сомнение дека  сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Според информациите, мажот утринава околу 5 часот, во расправија, со нож повеќепати ја нападнал својата сопруга во пределот на главата со намера да ја убие.

„Во обидот за убиство го спречил таткото на сопругата по што осомничениот избегал. Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.“, велат од ОЈО Кавадарци.

 

Слични содржини