Маж со голи раце убил леопард за да го спаси семејството (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Индиецот Раџагопал Наик, по кратка борба, го убил леопардот што го нападнал.

Сè се случило во областа Хасан, кога се враќал дома со сопругата и детето, со мотор. Животното скокнало од грмушките и ги нападнало.

Леопардот започнал да го гризе детето за нога, а потоа се обидел да ја нападне и жената. Раџагопал го фатил ѕверот за грло и почна да го удира со лактот во главата. Леопардот се борел, но Индиецот не се предавал се додека конечно не го совладал.

Животното се задушило, а Раџагопал поминал со повреди на главата.

На крајот, локалното население се приближило до семејството и не можело да верува во она што го виделе.

Властите во областа издадоа предупредување дека дивите мачки напаѓаат добиток и дека треба да се биде претпазлив.

Слични содржини