Маж со нож влетал во градинка во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Маж со нож влетал во приватна градинка во градот Кудрово, во Ленинградската област, соопштија регионалните власти.

Според првите информации, нема повредени, пренесува РИА Новости.

Полицијата била повикана на местото на настанот, но напаѓачот исчезнал пред нивното пристигнување.

Потрагата по напаѓачот е во тек.

Слични содржини