Маж тешко повреден, бил удрен од тракторот откако се симнал од него

од Milan1
49 прегледи

„На 06.03.2025 околу 12:50 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека К.Е.(69) од Радовиш во дворот од неговата куќа го стартувал тракторот „ИМТ 539“, а откако се симнал, тракторот се придвижил наназад и го удрил.

К.Е. бил пренесен во Општа болница Радовиш, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, информираат од МВР

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини