Маж влегол во домот на скопјанка, се обидел физички да ја нападне

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Триесет и три годишна жена од Скопје утрово пријавила во полиција дека во нејзиниот дом на подрачје на Центар влегло едно лице.

Како што соопшти МВР, според пријавата, лицето околу 2:00 часот влегло во домот преку незаклучена врата. Лицето се самозадоволувало и се обидело и физички да ја нападне жената.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини