Маж во Ватикан ги проби полициските блокади во БМВ: Следеше пукање и филмска потера во Рим (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Италијанските карабинери морале да му ги дупнат гумите на возило кое ја пробило полициската блокада на улицата Павле Шести, откако возачот одбил да застане.

Штом чуварот на папата го слушна истрелот, го затворија влезот во палатата на Светата канцеларија, на истоимениот плоштад.

Карабинерите се обиделе да го запрат БМВ-то што минувало, но возачот наместо да застане, додал гас до максимум, ги заобиколил карабинерите со рушење на дел од подвижните огради кои го регулираат пешачкиот и автомобилскиот сообраќај.

Полицијата потоа го опколила автомобилот, но возачот се забарикадирал, па морале да го скршат стаклото за да го извлечат, а откако ги нападнал, тие употребиле електричен пиштол за да го приведат.

Двајца полицајци се повредени и пренесени во болница, но не се во животна опасност.

Сето тоа се случило пред многу туристи кои се собираат во близина на плоштадот Свети Петар каде го чекаат традиционалното обраќање на папата Франциско.

Според информациите на италијанските медиуми, возач на автомобилот бил 39-годишен албански државјанин, а бил под дејство на дрога и по апсењето бил пренесен во полициска болница.

Слични содржини