Маж загина во поплави во Риека, полицијата објави детали

од Stefanija Kuzmanovska

Невреме ја зафати Риека вчера околу 19 часот и поради големото количество дожд имаше поплави и порои вода кои го блокираа сообраќајот и поплавија повеќе објекти.

При регулирање на сообраќајот во центарот на Риека, околу 21 часот и 10 минути помеѓу улицата „Фрања Рачко“ и месноста Шкољиќ, полициски службеници забележале тело на лице во надојдена вода, кое се наоѓало под запрено возило, кое не можело да се движи поради силата на водата.

Машкото лице кое било пронајдено не давало знаци на живот, а по прегледот од страна на лекар од Итна медицинска помош, по констатираната смрт, телото на лицето било пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика на Медицинскиот факултет во Риека, каде ќе се утврдува идентитетот и точната причина за смртта, соопштија од полицијата.

Додаваат дека се уште ги утврдуваат сите околности на овој настан.

Слични содржини