Мажите потешко страдаат од Ковид 19, а несаканите ефекти им пречат на жените

Кога станува збор за имунитет, мажите се сметаат за послаб пол …

Со почетокот на пандемијата, едно беше јасно: иако шансите за заразување со коронавирус кај двата пола беа еднакви, мажите беа посериозно погодени од последиците и почесто умираа.

И сега, како што се загрева вакцинацијата, на виделина излегува уште една разлика: жените пријавуваат повеќе несакани ефекти поврзани со вакцините отколку мажите.

Според собраните податоци во првите месеци од вакцинацијата во САД, кои се однесуваа на употребата на вакцините Фајзер и Модерна, 79,1 процент од жените имале несакани ефекти како што се треска и главоболка, иако жените учествуваат со 61,2 проценти од сите вакцинирани.

Лекарите не беа изненадени.

„Ова се покажа во претходните вакцинации, како што е онаа во случај на грип“, вели Ерика Шварц, интернист од Њујорк, специјализирана за терапии за замена на хормони, пренесува InStyle.

Зошто се случува ова? Кога станува збор за имунитетот, мажите се сметаат за послаб пол. Имунолошкиот систем на жените реагира посилно (а имаат и повеќе автоимуни заболувања), така што има смисла да се предизвика поголема реакција кога станува збор за одговорот на вакцинацијата.

Она што се споменува како веројатна причина е – естроген.

„Естрогенот го зајакнува имунолошкиот одговор, додека тестостеронот го замолчува“, вели Шварц, додавајќи една немедицинска причина – жените имаат поголема веројатност да споделуваат информации за несакани ефекти отколку мажите.

Слични содржини