Мбапе бара куќа во Мадрид, но молчи за неговата иднина и Реал

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе започна да бара куќа во Мадрид, пишува порталот „Гол“.

Поради ова се шпекулира дека Французинот веќе планира да замине во Реал Мадрид, а „кралскиот клуб“ повеќепати изразувал интерес за офанзивниот играч на „светците“.

Мбапе сè уште не го продолжил договорот со клубот од Париз, а постојниот му истекува во 2022 година.

Тој дојде во ПСЖ пред четири години за 180 милиони евра и тоа беше втор најскап трансфер во историјата по трансферот на Нејмар (222 милиони).

„Гол“ не прецизира во кој дел од шпанската престолнина Мбапе започнал да бара куќа, но тој наведува дека Французинот е мирен во врска со својата иднина.

И мистериозно. Ниту еден од клубовите, ниту ПСЖ ниту Реал, засега не знаат на што точно се работи, па не е исклучено купувањето куќа во главниот град на Шпанија да е само залог на Килијан за следните години.

Тој неодамна изјави дека во моментов е „во периодот на преиспитување, но дека сака да остане во Париз долго време, доколку потпише нов договор со Пари Сен Жермен“.

Слични содржини