Мбапе бесен на Погба поради црната магија

од Vladimir Zorba

Расте скандалот околу Пол Погба. Како што веќе е познато, францускиот репрезентативец пријавил во полиција во својата татковина и Италија дека бил жртва на обид за изнуда од банда во која членувал и еден од неговите браќа – Матијас. Семејната драма продолжи со многу обвинувања меѓу двете страни, при што Матијас се закани дека ќе направи шокантни откритија за ѕвездата на Јувентус.

Според братот на Погба, тој побарал од шаман да му направи црна магија на неговиот соиграч од Франција, Килијан Мбапе. Иако играчот од средниот ред негираше такво нешто, во Франција напишаа дека Мбапе и неговите блиски будно го следат развојот на скандалот. Напаѓачот на Пари Сен Жермен е многу лут и голема е можноста да се влоши односот меѓу двајцата.

Доколку некако се докажат тврдењата на братот на Погба, играчот од средниот ред речиси сигурно ќе го загуби местото во француската репрезентација. Тренерот Дидие Дешамп нема да дозволи да се затруе атмосферата во тимот и би го жртвувал Погба, тврди „The Score“ во материјал на оваа тема.

Ситуацијата многу потсетува на онаа од пред неколку години со шемата за изнуда на Матју Валбуена. Во неа беше вклучен и Карим Бензема. Ѕвездата на Реал Мадрид беше прогласен за виновен за соучесништво и доби условна затворска казна од една година.

Слични содржини