Мбапе „го избрка“ тренерот: ПСЖ се прости од Покетино, наследникот веќе познат

од Stefanija Kuzmanovska

Пари Сен Жермен соопшти дека аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино повеќе не е тренер на првиот тим.

Покетино (50) на почетокот на минатата година го презеде ПСЖ, но челниците на францускиот шампион решија да ја прекинат соработката.

„Клубот им се заблагодарува на Покетино и неговите соработници за досегашната работа и им посакува се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на Пари Сен Жермен.

Покетино со тимот ги освои националниот куп и шампионатот на Франција, но не успеа да стигне до трофејот во Лигата на шампионите.

Интересно е што Килијан Мбапе со останувањето во Париз доби бенефиции како ниеден фудбалер досега, па се занимава со клупска политика и може да одлучува за трансфери на играчи, но и да се прашува за останување и доведување тренер.

Француските медиуми пренесуваат дека нов тренер на Пари Сен Жермен е Кристоф Галтие, кој претходно ги водеше Ница, Лил и Сент Етјен.

Слични содржини