Мбапе го известил ПСЖ, чека повик од еден клуб

од Vladimir Zorba

Килијан Мбапе може да го напушти Пари Сен Жермен следното лето, но не поради Реал Мадрид, туку поради друг клуб.

Имено веста е на угледниот британски „Тајмс“, а за тоа пишуваат и француските медиуми и наведува дека има малку шанси францускиот репрезентативец да ја промени својата одлука.

Пари Сен Жермен стави нова понуда за Килијан на маса, нудејќи му 40 милиони евра годишно, да го продолжи договорот, кој истекува за две години, но Мбапе не сака да остане од спортски причини, и смета дека е правилно да се извести клубот навреме за тоа, пред да влезе во последната година од договорот.

Премногу често се пишуваше дека Реал ќе биде неговиот следен клуб, но сега е откриено дека Французинот чека понуда од Ливерпул.

Се шпекулира дека тој сака да победува со Јирген Клоп и дека трансфер во Англија би бил одличен потег. „Црвените“ се подготвени да платат отштета, со тоа што Мохамед Салах ќе го напушти тимот, доколку биде постигнат договор со Мбапе.

Исто така, јасно е дека Парижаните не би добиле отштета од 180 милиони евра од шампионите на Англија, колку што платија на Монако, бидејќи Мбапе тогаш ќе биде во последната година од договорот.

Слични содржини