Мбапе инвестира и во германска компанија за електроника

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Откако неодамна стана мнозински акционер во францускиот фудбалски клуб Каен, фудбалската суперѕвезда Килијан Мбапе инвестираше и во германска компанија за електроника, пренесува весникот „Екип“.

Преку неговиот инвестициски фонд „Coalition Capital“, тој учествува во германската компанија „Loewe Technology GmbH“, која е специјализирана за производство на телевизори, екрани, домашни кина. Мбапе сега поседува над 10% од акциите на компанијата преку неговиот фонд.

Претседателот на „Loewe“, Аслан Каблиев изјави за „Bloomberg“ дека целта на неговата компанија е значително да го зголеми својот годишен профит.

„Килијан ни помогна многу во создавањето на bluetooth, кој го развивме со него. Многу од соиграчите на Мбапе во француската репрезентација исто така го поддржаа производот на социјалните мрежи“, коментира Каблиев.

Слични содржини