Мбапе: Она што го прават Ливерпул е неверојатно, тие се како машини

од Vladimir Zorba

Светскиот шампион Килијан Мбапе е фасциниран од играта на Ливерпул. Тимот на Јирген Клоп не престанува да победува и веќе е на чекор од титулата.

„Она што го прават Ливерпул во моментов е неверојатно. Тие се како машини! Тимот има вистински ритам и изгледа не е подготвен да запре. Тимот нема пораз. Кога ќе ги погледнете, сè изгледа толку лесно, но навистина не е така. Овие играчи се фокусирани, играат во текот на три дена и само победуваат, победуваат и победуваат. Проблемот сега е во тоа што сите го следат Ливерпул и сите се прашуваат што можеме да направиме против овој противник“, рече Мбапе во интервју за Би-Би-Си.

Пред некое време, Клоп изјави дека му се допаѓа францускиот репрезентативец, но не може да си дозволи сличен трансфер.

Слични содржини