Мбапе побара трансфер? „Ми ветивте дека ќе ме пуштите“

од Stefanija Kuzmanovska

Се одржа состанок помеѓу челниците на ПСЖ и Килијан Мбапе. На тој состанок, францускиот напаѓач побара трансфер од Париз, објави „Газета дело Спорт“.

Мбапе сака да биде лидер на тимот, и свесен е дека тоа нема да биде случај во Париз долго време со Лионел Меси и Нејмар. Тој има голема желба да игра за Реал и побара од клубот да го продаде на тимот од Мадрид.

„Почитувајте го нашиот претходен договор, рековте дека нема да ми правите проблем во врска со трансферот“, наводно, Мбапе им рекол на клупските челници на состанокот во понеделникот.

Сепак, ПСЖ не сака да го продаде иако неговиот договор трае само уште една година. Тој одговор го налутило Мбапе и најавил можни проблеми во тимот. Планот на францускиот клуб е да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона и поради таа цел тие не сакаат да се откажат од Мбапе, дури и ако тоа значи дека 22-годишниот напаѓач ќе замине без надомест следното лето.

Засега ситуацијата е таква што Мбапе нема да го продолжи договорот, а ПСЖ нема да го казни за тоа и ќе продолжи да го користи до крајот на договорот.

Заедно со Реал, и Ливерпул сака да го донесе во своите редови следното лето без надомест.

Слични содржини