Мбапе потпишал преддоговор со Реал: Следното лето доаѓа во Мадрид како слободен играч!

од Nikola Popovski

Во последните денови од преодниот рок, главна тема е Килијан Мбапе и неговото заминување од Париз.

Реал испрати 220 милиони евра до парискиот клуб за да гo доведе Французинот. Одговор не следеше, а вицешампионот на Франција се надева дека ќе успее да го задржи Мбапе, кому му беше понуден вториот по големина договор во историјата на фудбалот.

Тоа изнесува 45 милиони евра по сезона и би траел до 2024 година. Само Лионел Меси има повеќе, а бројката е за пет милиони повисока.

Мбапе одбил, бидејќи сака да се пресели во Реал Мадрид, пренесува „Паризиен“. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па кралскиот клуб би можел да го доведе во своите редови без надомест уште во јануари.

„Штотуку го завршив телефонскиот разговор со лице кое учествуваше во преговорите помеѓу Реал и ПСЖ. Неверојатно. Реал денеска беше подготвен да плати 220 милиони евра, но Парижаните одолговлекоа, не одговорија и тогаш Реал се повлече бидејќи нема да има време да го комплетира трансферот. Потпишан е преддоговор со Мбапе, кој ќе дојде бесплатно следното лето. Тоа ќе биде објавено во јануари“, изјавил Кавех Солхекол, новинар на „Скај Спортс“.

Слични содржини