Мбапе: Повеќе слобода имам во француската репрезентација отколку во ПСЖ

од Nikola Popovski

Килијан Мбапе беше во центарот на вниманието за време на пресметката меѓу Франција и Австрија во четвртокот вечерта, а напаѓачот на ПСЖ постигна убав гол за „триколорите“, по што го пофали селекторот Дидие Дешам за слободата што му ја дава во националниот тим.

Заедно со пофалбите за Дешам, стигнаа и критиките за стратегот на ПСЖ, Кристоф Галтие, за претераната дисциплина во играта што овој стручњак ја бара од ѕвездите на францускиот гигант.

„Играм поинаку за Франција во однос на ПСЖ и можам да кажам дека ми е многу полесно кога сум на теренот со репрезентацијата. Го имаме Жиру како класична деветка околу која се гради одбраната, а јас имам слобода и можам да се движам. Тоа воопшто не е случај во ПСЖ, каде што треба да бидам „деветка“ и тоа е тоа. Нема слобода во играта и нема можност за експериментирање во ПСЖ – изјави Мбапе.

Слични содржини