Актуелно
Почетна / Спорт / Мбапе: Со целосна почит кон Меси, сега морам да бидам инспириран од Кристијано

Мбапе: Со целосна почит кон Меси, сега морам да бидам инспириран од Кристијано

Францускиот бисер на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе не крие дека негов голем идол од детството е Зинедин Зидан.

– Ако сте Французи, сигурно вашиот идол како дете е Зидан. Друг ваков идол малку подоцна беше Кристијано Роналдо. Имав среќа да го сретнам и како ривал. Потоа се восхитувам на играчи како Пеле, Роналдо, Роналдињо и Кака. На моите приврзаници, сакам да им оставам порака дека сум момче кое верува во својот сон и се обидува да остави белег на спортот, рече 21-годишниот стрелец во интервју за „Газета дело Спорт“..

Според него, премногу е доцна да се следат стапките на Лео Меси и да игра цел живот во еден клуб.

– Премногу е доцна да се направи кариера како онаа на Меси. Требаше да останам во Монако за да играм цел живот во еден клуб. Со сета почит кон Меси, сега морам да бидам инспириран од Кристијано, вели Французинот.

loading...