Меџити: Нема да ја гласаме новата Влада, но немаме никакви дилеми околу уставните промени

од Stefanija Kuzmanovska

Влегувањето на Алијанса во Владата во овој момент ќе ја дестабилизира политичката ситуација во сите партии, па дури во самата Алијанса. Место да бидат лидер на албанската опозиција тие на година пред изборите влегуваат во Влада за да бидат патерица за Артан Груби и за тоа мислам дека ќе платат цена, вели во интервју за „Република“ Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Според него, намерата е оваа коалиција да се прикаже како европска, зголемување и стабилизирање на мнозинството и приближување до бројката од 80 за уставни измени но далеку се од гласање за новата влада.

Меџити уверува дека неговата група нема дилеми околу уставните промени.

„Ова е политика на инает и за дневни интреси и јавно кажувам дека нема да гласам за новата Влада но немаме никакви дилеми околу уставните промени. Не треба да се поврзуваат двете работи.Во моментов имаме тројца пратеници огнени како што не нарекуваат, но разговараме и со други зошто има незадоволство и кај другите партии.Да причекаме“, додава тој.

Слични содржини