Мечка излета на пат во Црна Гора и го запре сообраќајот! (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На еден од патиштата во Црна Гора возачи доживеале необично искуство во сообраќајот. На патот се појавила мечка.

Мечката која била исправена и одела на две нозе им се приближила на автомобилите во кои патниците биле изненадени и исплашени.

Иако мечката била смирена и никого не нападнала, искуството е невообичаено и застрашувачко, како што може да се слушне во коментарите на видеото на YouTube.

Видеото наводно е снимено во Црна Гора, а објавено е на Јутјуб каналот „Подгорички времеплов“, пренесува РТС.

Слични содржини