Мечка нападна дресер во руски циркус (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Публиката во еден руски циркус присуствувала на застрашувачка сцена кога одеднаш мечка на сред престава се свртила кон својот дресер и го нападнала.

Драматичните снимки се појавија на социјалните мрежи по инцидентот во среда во градот Олонец во северозападна Русија, а на нив се гледа моментот кога дресерите ја изгубија контролата врз животното.
Набрзо откако мечката како што е дресирана ја туркаше количката до дресерот, одеднаш животното се нафрли на него, почна да го гризе и го сруши на подот.

Бидејќи во циркусот немало никаква заштита меѓу публиката и бината, луѓето почнале да ги грабаат децата и да бегаат од таму.

На крајот животното го смириле со помош на електрошок.

За среќа ниту мечката, ниту дресерот, ниту некој од публиката не се сериозно повредени во инцидентот.

Слични содржини