Мечка нападна и гризна скијач кој одлучил да се преправа дека е мртов

од Nikola Popovski

Спасувачки хеликоптер успеал да спаси скијач од проблеми откако бил нападнат и каснат од кафеава мечка на Алјаска.

Човекот бил дел од група која се искачувала на планина во близина на Хејнс, а за време на нападот се здобил со повреди на главата и раката.

Одделот за риби и дивеч на Алјаска објави дека скијачот ненамерно разбудил мечка, мајка која веројатно го штитела младенчето.

„Кога мечката го нападна скијач, во еден момент сфатил дека е најдобро да се преправа дека е мртов што веројатно беше добра идеја во тие околности“, изјавил биологот Карл Кох за Си-Ен-Ен.

Хеликоптер за спасување ги пронашол нападнатиот човек и уште двајца скијачи на околу 10 километри северозападно од Хејнс на надморска височина од околу 490 метри.

Кога пристигнале спасувачите, жртвата сè уште била свесна. Двајца други скијачи му укажале прва помош и контактирале со крајбрежната стража.

„Користејќи го нивниот сателитски комуникациски уред, утврдивме прецизни GPS координати и надморска височина. Исто така, што е важно, скијачите имале ткаенина со светла боја за да му сигнализираат на пилотот на хеликоптерот. Тоа беше апсолутно клучно“, рече копилотот поручник Вил Сирокман.

Останатите двајца скијачи не побарале помош и сами се спуштиле по планината.

Слични содржини