Мечка нападна туристи во Русија, настрада тинејџер (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кафеава мечка нападнала и изела 16-годишно момче во руски национален парк, додека уште еден турист успеал да избега од нејзините канџи, прободувајќи ја со џебен нож во вратот.

Мечката се преправала дека е мртва откако туристот ја прободел со нож, но подоцна била пронајдена и застрелана.

Кога туристот ја избодел мечката со нож, неговиот придружник истрчал кон кампот и кренал узбуна. Инспекторите во националниот парк Ергаки притрчале на местото на настанот и нашле мечка како лежи над полуизедените остатоци од тинејџерот.

Тие отвориле оган и ја раниле мечката, која потоа избегала. Следното утро ја нашле и ја убиле затоа што се обидела да ги нападне и нив.

Настраданиот млад човек работел како водич на група кога биле нападнати од мечката. Тој бил убиен, но друг турист успеал да избега, ранувајќи ја претходно со нож.

Официјални лица објасниле дека мечките во Рускиот национален парк гладуваат поради долгата зима, и дека момчето настрадало затоа што наместо по утврдените патеки во паркот, тргнал по скратен.

Слични содржини