Мецола по стапките на Вархеји: Бара одговор за забраната за влез на Ковачев во Македонија

од Nikola Popovski

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола ја опишала забраната за влез на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во Северна Македонија како „инцидент кој е за длабоко жалење“. Прашањето било покренато на вчерашната пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Мецола појаснила дека како парламент ќе го заштитат правото на секој од нивните членови да го извршува својот мандат.

-Ќе бидам во контакт со претставниците на С. Македонија за да ја разјаснам ситуацијата, рекла претседателкатта на ЕП.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји претходно на Твитер изјави дека Европската комисија го осудува одбивањето на Северна Македонија да му дозволи на европратеникот Андреј Ковачев да влезе на нејзина територија. Тој го дефинираше одбивањето да се прими член на Европскиот парламент како „многу сериозна одлука“.

Прашањето во ЕП го покренал европратеникот на ЕПП, Мајкл Галер, кој го опишал инцидентот како „неприфатлив“. Тој нагласил дека Ковачев патувал со дипломатски пасош и без никакво објаснување му бил забранет пристапот на територијата на Северна Македонија.

-Го познавам Андреј Ковачев како многу чесен колега кој го поддржува приемот на Северна Македонија во ЕУ и преговорите со неа и категорично не и се заканува на оваа земја. Сметам дека ова неприфатливо однесување од страна на земја-кандидат треба да биде земено во предвид, а претседателот може да преземе соодветни мерки, рекол Гајер до Мецола.

Како објавува „БНР“, неговата изјава наишла на аплауз од останатите присутни на седницата.

Слични содржини