„Медена земја“ премиерно в сабота на Телма

од Берта Китинска

Македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој годинава беше номиниран за два „Оскари“ и е добитник на многубројни светски признанија и награди, в сабота ќе има телевизиска премиера на „Телма“.

Филмот ќе се емитува во 19:20 часот.Телевизијата најави дека на програмата, за време на велигденските празници, ќе има уште неколку македонски филмови. В петок ќе се емитува „Соба со пијано“ на Игор Иванов-Изи, в недела „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, а в понеделник ќе може да го погледнете „Џган“ на Вардан Тозија“.

🐝 📺 🐝 Ексклузивна телевизиска премиера на „Медена земја” на ТВ Телма – Сабота, 18ти април во 19:20 часот. 🐝 📺 🐝

Публикувахте от Honeyland в Четвъртък, 16 април 2020 г.

 

Слични содржини