Меџити: Груби треба да се растерети од обврските и амбициите дека е наследник на Ахемти

од Берта Китинска

Во политиката вредиш колку имаш гласови. Јас зборам во име на единица каде што бев носител. Ако споредиме пред 4 години кога носител на листата беше Груби, ДУИ беше трета по ред во Чаир и многу слабо котираше во Скопје, вели Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити во денешното гостување во Утрински брифинг.

Тој нагласи дека реално во ДУИ има проблеми, но добро е што се дискутира во однос на политичките разлики.

-Јас бев еден од поборниците ДУИ да се одлепи од тогашното ВМРО на чело со Груевски и да се приклучи на оваа коалиција која придонесе државата да излезе од изолација, да стане членка на НАТО и да претендира за ЕУ, но исто така денес имаме примедба – да ги приближжам до Заев, но не да се стопат во тоа. Примедбата е кон изјавата на Груби дека „едно сме“, а ако го мисли тоа политички, јас сум против тоа. Се знае од каде потекнува ДУИ и што претставува оваа партија, вели Меџити.

За евентуалната смена на долгогодишниот лидер на ДУИ, Меџити вели дека на редовниот Конгрес на ДУИ кој бил одржан лани Ахмети бил едногласно избран.

-Се очекува уште повеќе години да биде на чело на партијата, немаме дилеми околу тоа, изјави Меџити и со доза на цинизам го коментира однесувањето на Артан Груби -Сакаме да го растеретиме малце господинот Груби. Се нафатил да изиграва улога на претседател во ДУИ. Имајќи предвид дека касно е дојден му треба време да се прилагоди на тоа и не може сите работи одеднаш да ги врши. Треба да се работи екипно, да се поделат задачите. Останатото се нормални разлики, се бориме за концепт, за размислувања и тоа го правиме на легитимен демократски начин. Секогаш имало препукуање на партнерите во владата, но мислам дека многу е направено. Не гледам работи каде што може да имаме дијаметрално спротивставени ставови помеѓу ДУИ и СДСМ, вели Меџити.

Слични содржини