Меџити: На Груби и Османи не им е местото во Влада

од Nikola Popovski

„Овој тим на ДУИ во влада не е најдобар“, изјавил членот на ДУИ и поранешниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, за емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

Според него, ДУИ е составена од многу фактори од повеќе населени места.

„Сметам дека Груби и Османи не се тие кои можат да го застапат електоратот на ДУИ во Скопје. За другите ограноци, им оставам на нив простор, но на почеток имаше дилеми, сега гледам незадоволство во мнозинството на структурите на поголемиот дел на ограноци. Забелешките се во врска со нивното не-комуницирање, недостигот на дебата, немањето пристап во управувањето на која припаѓаат“, вели Меџити во интервјуто.

Слични содржини