Меџити од „Огнената група“ на средба со Ахмети: „Цврсто во ставот против извршната власт“

од Nikola Popovski
214 прегледи

Попладнево беше објавено дека незадоволното крило во ДУИ, попознато како „Огнената група“ оствариле средба со лидерот на партијата, Али Ахмети. Според фотографиите, чаирскиот органок на партијата предводен од поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити бил во посета на партиското седиште во Мала Речица.

-Заедно со лидерот Али Ахмети, но цврсто во ставот против извршната власт, напиша Меџити покрај објавената фотографија.

Претходно речиси иста објава имаше и Блерим Беџети, градоначалник на Сарај.

Под фотографијата Беџети напиша: „Заедно со мојот претседател и пријател Али Ахмети и цврсто во мојот став против извршната власт“.

„Огнената група“ пред неколку дена преку писмо побара смена на сите министри од ДУИ во Владата на премиерот Димитар Ковачевски, реформи во партијата, дооформување на партиските орган, избор на ново партиско раководство и дебата во ДУИ за сите битни прашања.

Слични содржини