Актуелно
Почетна / Македонија / Меџити: Само неколку денови е разликата околу датумот за избори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Меџити: Само неколку денови е разликата околу датумот за избори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, во вечерашното гостување на Алсат вели дека разликите околу датумот за одржување на изборите помеѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се мали и се сведени на неколку денови или недели.

Како што кажа тој, за ДУИ најважно било здравјето на граѓаните и евроинтеграциските процеси, додека определувањето на датумот за избори бил полесен проблем.

„Евроинтеграциите и здравјето на граѓаните се поважни, додека втората тема, околу датумот, не е голем проблем затоа што разликата е неколку дена, една недела.. Дали треба да се одржат на 5 јули или на 12 јули, тоа е прашање на денови и мислам дека има капацитет со дијалог да се изнајде заедничко решение и да има слободни и демократски избори“, рече Меџити.

loading...