„Медијапул“: 91.000 Maкедонци со бугарски пасоши имаат право на глас на изборите

од Nikola Popovski

Македонските граѓани, кои исто така имаат бугарско државјанство и пасош, повторно се во изборните списоци за денешните парламентарни избори во Бугарија, објави бугарски „Медијапул“.

Според нив, ова е најочигледно во Благоевград, каде што за локалните избори право на глас имале 65.000 граѓани, а над 91.000 за парламентарните избори.

-Разликата од 26 000 гласачи покажува дека тековниот процес на дерегистрација на Македонците со бугарско државјанство е запрено. Само неколкумина доаѓаат во Бугарија да го искористат своето право на глас. Во Македонија се отворени шест избирачки места, две повеќе од гласањето на 4 април, кога таму гласаа околу 500 луѓе, стои во објавата на „Медијапул“.

Слични содржини