Медитеранска држава ветува ќе го плати летувањето на сите туристи кои ќе се заразат со коронавирусот

од Nikola Popovski

Кипар се обврза да ги покрие сите трошоци на туристите кои ќе бидат позитивни за коронавирусот за време на одморот, се вели во писмото на кипарската Влада, која го добила агенцијата АП.

Владата соопштила дека ќе ги покрие трошоците за сместување, храна, пијалоци и лекови за оние кои ќе се заразат со коронавирусот и нивните семејства.

Пациентите ќе треба да плаќаат само за такси-возењето до аеродромот и билет за враќањето дома.

Болница со сто кревети ќе биде наменета исклучиво за странски патници кои ќе бидат позитивни, а 200 респиратори ќе бидат резервирани за тешко болните.

„Карантински хотел“ со 500 соби ќе биде резервиран за членовите на семејството на пациентите.

Воздушниот сообраќај од 9 јуни

Ова писмо е упатено до Владите, авиокомпаниите и тур-операторите и содржи строги протоколи за здравствена и хигиена усвоени за привлекување туристи.

Туризмот учествува со 13% од кипарската економија, а загуба од 70% од 2,6 милијарди евра приход од туризам се очекува оваа година.

Во писмото, потпишано од кипарските министри за надворешни работи, транспорт и туризам, се посочува дека земјата има една од најниските стапки на заразен коронавирус во Европа, откако било тестирано повеќе од 10 проценти од населението.

Кипар од 9 јуни го отвора меѓународниот воздушен сообраќај во 19 земји, а патниците мора да бидат тестирани за вирусот минимум три дена пред патувањето.

Мерката ќе биде укината на 20 јуни за 13 земји, вклучувајќи ги Германија, Финска, Израел, Грција и Норвешка.

Кипарските власти велат дека патувањата ќе бидат проширени за повеќе земји, во зависност од епидемиолошката состојба.

Од патниците ќе се бара да покажат тест сертификат кога се качуваат на авионот и ќе носат маски за време на летот.

Нивната температура ќе се мери при слетување на Кипар, а ќе се направи и бесплатно случајно тестирање на патниците.

Туристите исто така ќе треба да пополнат изјава во која ќе ги наведат сите патувања во последните 14 дена пред да пристигнат на Кипар и дека 72 часа пред поаѓањето не покажале симптоми на коронавирус, ниту пак дека биле во контакт со заразени лица 14 дена пред патувањето.

Останува социјалното растојание

За време на престојот на Кипар, од туристите кои не се од истата група се бара да држат оддалеченост од два метра надвор и три метри во затворено.

Редовно дезинфицирани лежалки ќе бидат распоредени на два метра за туристи кои не припаѓаат на истата група патници.

Од хотелскиот персонал ќе се бара да носат маски, а просториите ќе бидат дезинфицирани при промена на хостите.

Масите во рестораните, баровите, кафулињата и пабовите ќе бидат оддалечени на два метра, а гостите ќе бидат охрабрени да плаќаат со банкарски картички.

Засега не се познати протоколите за ноќните клубови.

Слични содржини