Медитеранскиот ураган Јанос се движи кон Крит (видео)

од Nikola Popovski

Откако ја опустоши западна и централна Грција, метеоролозите предупредуваат дека медитеранскиот ураган Јанос сега ќе се насочи кон островот Крит.

Две лица загинаа, а најмалку едно исчезна во бурата што ги опустоши островите во Јонското Море, како и регионот Кефалонија.

„Ги повикувам граѓаните да останат будни додека не помине овој феномен“, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. „Главната цел сега е да спасиме животи. Сите погодени области ќе ја имаат нашата целосна поддршка“, додал тој.

Според Ројтерс, безживотното тело на една постара жена е пронајдено во поплавена куќа во село во близина на градот Фарсала, а подоцна телото на 63-годишен маж е пронајдено недалеку од болницата во градот Кардица, но не е јасно дали тој е едно од двете лица, чие исчезнување беше претходно пријавено.

Грчката противпожарна служба соопшти дека примила скоро 2.500 повици за евакуација на затрупани жители и за отстранување на дрвјата што ги блокирале патиштата.

Некои делови од земјата останаа без електрична енергија.

Слични содржини