Медицинска сестра откри што кажуваат ковид пациентите пред смртта – потполно е НЕВЕРОЈАТНО! (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Медицинската сестра Џоди Доринг од Јужна Дакота за Си-Ен-Ен изјави дека некои од нејзините пациенти со коронавирус, дури и на смртна постела, одбиваат да веруваат дека Ковид-19 е вистински.

„За мене е многу тешко да видам како луѓето сè уште не сакаат да признаат дека постои коронавирус, иако доаѓаат на клиника со многу тешки симптоми. Тие сакаат некаков магичен лек и одбиваат да веруваат дека имаат Ковид-19″, рече Доринг.

„Постои причина зошто пишував за тоа на Твитер. Имено, не станува збор за еден пациент, за еден изолиран случај. Имаше неколку пациенти чии последни зборови на смртната постела беа дека ова не се случува и дека не е реално. Наместо нивните последни моменти да ги поминат со семејството, тие се полни со горчина. Тоа навистина ме растажи пред некој ден, не можев да верувам дека тоа ќе бидат нивните последни мисли и зборови“, објасни таа.

Кога новинарката ја прашала медицинската сестра дали таквите пациенти ѝ се лутат на неа, таа одговорила дека тие всушност се лути на целата ситуација и бидејќи не веруваат дека има ковид-19, тие често ја насочуваат својата лутина кон медицинскиот персонал.

„Тоа е во ред. Можеме да го поднесеме тоа. Затоа сме тука. Проблемот е во целокупната слика, односно кога ќе се обидете да ги вразумите луѓето. На пример, ги прашувам дали сакаат да им се јавиме на нивните жени, деца, семејства, а тие одговараат дека не треба затоа што ќе бидат добро. Кога ќе го погледнам нивото на кислород во крвта, гледам дека е многу ниско и знам какви последици може да има. И тогаш сум тажна, лута, фрустрирана. Потоа го прифаќам сето тоа затоа што знам дека повторно ќе се соочам со таква ситуација“, одговори медицинската сестра.

Новинарката Алис Камерота тогаш ја праша Доринг што мислат таквите пациенти – од што страдаат?

„Мислам дека бараат спас во што било. Тие сакаат тоа да биде пневмонија. Некои дури ми рекоа дека имаат рак на белите дробови, а не коронавирус. Јас им велам дека имаат ковид-19, но тие не веруваат во тоа дури и откако ќе добијат позитивен тест. Секако, не се сите такви, имаме многу пациенти кои се многу благодарни и разумни, но тоа сега не е во мојата глава. Сакам да се сетам на позитивните моменти како медицинска сестра, каде што спасувавме животи на луѓето, а не ситуации како оваа“, раскажува Доринг.

„Честопати се чувствувам како да сум во хорор филм кој никогаш не завршува и кој започнува одново. Тоа е тажно затоа што така се чувствуваат сите лекари и сите медицински сестри во земјата. Луѓето се разболуваат на ист начин, ние ги третираме на ист начин, тие умираат на ист начин, а потоа одново. Јас сум благодарна за сè што научив, знам како да им помагам на луѓето. Но, реалноста е дека ситуацијата со коронавирусот сè уште не се подобрува”, заклучи таа.

 

Слични содржини