Медицинска сестра свири виолина по тешка смена во Ковид болница: Им носи надеж и верба на пациентите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кога ќе завршат со нивните тешки смени во болници со пациенти заразени со коронавирусот, медицинските сестри мислат малку за ништо друго освен да одат во нивните домови и семејства.

Сепак, тоа не важи за 26-годишната медицинска сестра Дамарис Силва од Сантијаго, главниот град на Чиле, која по тешката смена во болницата ја зема виолината и свири на неа за пациенти со коронавирус.

Со својата виолина, оваа млада медицинска работничка шета по салата и со тоа ги поздравува пациентите кои и враќаат со аплауз и насмевки.

Болницата каде што работи се наоѓа во сиромашниот дел на Сантијаго, во населбата Ла Пинтана.

https://www.youtube.com/watch?v=vygxT_s3RlE&feature=emb_title&fbclid=IwAR0gI4L7oVtz1BXCvKvxLStvhD2xb6Y9KNGT8-GSbXhxoNeYa41ULbOa-iw

Слични содржини