Медиум: Русија ги зацврстува своите позиции на меѓународната сцена

од Vladimir Zorba

kremlj-650x396

Во последно време Москва се чувствува сѐ повеќе посигурно на меѓународната сцена, пишува „Тајмс“.

Само пред неколку години Западот ѝ се закануваше на Русија со санкции, сепак денеска Москва повторно диктира на меѓународната сцена, пишува „Тајмс“, а цитира руска.реч.

Во последно време Москва се чувствува сѐ повеќе посигурно. Само во текот на самитот на Г-20 во Хангжу рускиот претседател Владимир Путин одржа билатерални разговори со десет лидери на држави, вклучително и со претседателот на САД Барак Обама и премиерот на Велика Британија Тереза Меј, истакнува авторот на статијата.

Пресвртот во односите на Русија, која ја врати довербата на меѓународната заедница, се случи откако минатата година таа почна да нанесува удари врз позициите на терористите во Сирија. Путин разбираше дека со самото тоа му ги измешал на Вашингтон сите карти, но знаеше дека САД нема да ја попречат или нема да успеат да ја спречат операцијата, затоа што таа дава реална надеж за завршување на војната, пишува изданието.

За тоа дека Русија сѐ понагло ги зацврстува своите позиции, кажува, на пример, одржувањето во Москва на блискоисточните мировни преговори меѓу министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД. Ако напорите на Русија помогнат да се регулира конфликтот во Сирија, тогаш на самопознанието на Вашингтон ќе му биде нанесен значителен удар, потенцира авторот на статијата.

Истовремено со тоа Москва успева да воспостави врски во неколку правци, важни и за Вашингтон. За следната недела се предвидени заеднички воено-поморски маневри на Русија и Кина во Јужното кинеско море. Покрај тоа, Русија брзо воспоставува врски со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган откако неговата земја сѐ повеќе се оддалечува од Вашингтон, истакнува „Тајмс“.

Како и секогаш, тактиката на руските власти е подеднакво насочена како кон зголемување на престижот внатре во земјата, така и на засилување на влијанието во странство, заклучува изданието.

Слични содржини