Медиуми: Како Северна Кореја ги заобиколува санкциите?

од Nikola Popovski

Режимот на Ким Јонг-ун разви модел за користење и експлоатација на Интернет, кој е единствен во светот.

Еден од најпознатите затворени и мистериозни режими во светот, оној во Северна Кореја, одлично ги прошири и ги унапреди начините со кои се користи Интернетот за да се избегнат тактиките на „максимален притисок“, кои, без голем успех, се чини дека се изложени од администрацијата на САД и нејзините сојузници, а се сведуваат на економски санкции.

За да ги надмине и заобиколи нив, Северна Кореја предводена од Ким Јонг-ун се сврте кон нови форми на компјутерски криминал, за да ги финансира напорите на нејзините власти, објави Њујорк Тајмс во написот потпишан од Дејвид Е. Санџер, новинар специјализиран за национална безбедност и добитник на наградата Пулицер, јави Загребскиот „Јутарњи лист“.

Сангер се повикува на наодите од најновата анкета на „Recorded Future“, американска група позната по истражување на дигитални оружја што ја користат држави ширум светот.

Студијата е насловена „Како Северна Кореја го револуционираше Интернетот како алатка за одмазда на режимите“ и заклучоците се многу интересни.

Според пишувањата на Њујорк Тајмс, истражувањето покажало дека од 2017 година, кога американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека Северна Кореја ќе се соочи со невиден „немир и бес“, употребата на Интернет во Северна Кореја се зголеми за скоро 300 проценти, а тоа зголемувањ имаше единствена цел: да се заобиколи финансискиот притисок и западните санкции.

Исто така, тоа покажува дека Севернокорејците го замениле својот поранешен „излез“, оној преку Кина, со нов – преку врска во Русија.

Во тие три години, според авторот на студијата, Пјонгјанг ја подобрил способноста од областа на кражба и криење на криптовалутите, криење на отпечатоци кога станува збор за технологијата што е потребна за развој на нуклеарна и програма за оружје, како и сајбер-операции кои го користат Интернетот како средство за секојдневна контрола.

„Тоа вели дека нашиот концепт за контролирање на финансиското ангажирање во Северна Кореја е заглавен во минатото. Северна Кореја успеа да постави лесно применлив модел кој може да отстрани многу пари ширум светот на начини, на кои не се засегнати нашите санкции”, објасни за Њујорк Тајмс, Присчила Мориучи, одговорна за истражувањето, која до 2017 година работеше како аналитичар во Агенцијата за национална безбедност, чии фокуси конкретно беа Северна Кореја и Иран.

Со обзир на сето она што го докажа истражувањето, Мориучи е убедена дека сегашниот систем на санкционирање треба радикално да се ажурира.

Слични содржини