Медиуми: Контејнерите со кокаин биле следени од италијанската полиција, „едниот килограм“ дрога бил запакуван со систем за следење

од Nikola Popovski

Најголемиот дел од кокаинот, вреден околу 50 милиони евра, запленет од италијанската полиција во меѓународна акција, требаше да заврши на пазарот во БиХ, дознава порталот „Независне“. Две лица се уапсени во оваа акција на Државната агенција за истраги и заштита (SIPA) во БиХ.

Во меѓународната акција, покрај македонската полиција, биле вклучени и истражните органи на Италија, Црна Гора и Босна и Херцеговина (БиХ), а откриени се вкупно 1,2 тони кокаин.

Станува збор за меѓународна акција што отсекува голем синџир за организиран шверц на дрога, што прво го дознала италијанската полиција, која во соработка со колегите од други земји ја набљудувала пратката.

Имено, како што дознаваат од „Независне“, во едно пристаниште во Италија, полицијата заплени неколку контејнери кокаин, кој требало да се испрати во Бар во Црна Гора и од таму во Македонија и БиХ.

Според сознанијата на овој медиум, дрогата спакувана во неколку контејнери била запленета на пристаниште во Италија. Италијанската полиција од контејнерите извадила 970 пакети кокаин кои заедно тежеле 1 128 килограми (1,2 тони). Кога ја откриле, Италијанците ја заплениле дрогата и испратиле пратка во која оставиле само околу еден килограм дрога запакувана со систем за следење.

„Независни“ дознава дека пратката понатаму продолжила по планираната рута, стигнала во Бар, Црна Гора, каде за да ги подигнат пакетите пристигнале вкупно шест камиони, четири од Северна Македонија и два од БиХ, незнаејќи дека тие всушност транспортираат празни контејнери и дека иследниците исто така го следат нивниот пат.

Лука Миладиновиќ, портпарол на SIPA, рече дека уапсените две лица ќе бидат предадени во Обвинителството на БиХ.

„На територијата на БиХ, полицајците на SIPA уапсија две лица, слушнаа повеќе сведоци, извршија претрес кај повеќе лица и запленија предмети што може да послужат како доказ во понатамошната кривична постапка“, рече Миладиновиќ.

SIPA спроведе акција за апсење во соработка со полицијата и судските власти на Италија, Северна Македонија и Црна Гора, за време на спроведувањето на голема меѓународна оперативна акција за борба против трговијата со дрога.

Слични содржини