Медиумите објавија документи: Колку чини вакцината Фајзер?

од Nikola Popovski

Европската унија се согласи да плати во просек 15,50 евра (18,60 американски долари) по доза за вакцината на Фајзер и Бионтек, објави денес шпанскиот весник „Вангуардија“.

Весникот објави копија од документот на својата веб-страница, за која тврди дека всушност е договор што Европската комисија го потпишала во ноември, пренесува агенцијата АП.

Со договорот за 200 милиони дози, со можност за купување нови 100 милиони дози, била договорена цената на првите 100 милиони дози да биде 17,50 евра (21 долар).

Во исто време, цената на останатите 100 милиони дози е утврдена на 13,50 евра (16,20 американски долари), додека опционалните 100 милиони дози чинат 15,50 евра (18,60 американски долари).

Минатиот месец, ЕУ потпиша уште еден договор за уште 200 милиони дози вакцини од Фајзер/Бионтек.

Европската комисија, која преговара за договори за вакцини со фармацевтски компании, одби да открие колку ЕУ плаќа за вакцините.

Вакцината на Фајзер/Бионтек е една од четирите вакцини што во моментов се користат во ЕУ.

Слични содржини