Медведев: Ако загуби во Украина, Русија ќе се распадне

од Radmila Tasevska

Поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев, ги отфрли повиците на американскиот претседател Џо Бајден руските сили да се повлечат од Украина, велејќи дека ако Русија не победи во Украина, таа ќе се распадне.

„Ако САД престанат со снабдување со оружје за режимот во Киев, тогаш војната ќе заврши“, напиша заменик-шефот на рускиот Совет за национална безбедност во средата на каналот за вести Телеграм.

„Ако Русија ја заврши специјалната воена операција без победа, тогаш Русија ќе престане да постои, ќе биде распарчена“, напиша Медведев.

Минатата година, на 24 февруари, Русија започна сеопфатна војна против Украина.

Медведев на свој карактеристично груб начин го критикуваше Бајден за обраќањето до рускиот народ од Варшава во вторникот пред граѓаните на Полска.

„Кој е тој чуден дедо што зборува од Полска со изгубен поглед? Зошто им се обраќа на луѓето од друга земја во време кога има доволно проблеми во неговите?“

Медведев ги обвини САД, за кои рече дека предизвикале многу војни ширум светот, за „мегаломанија“.

Во вторникот Бајден одржа говор во Варшава на првата годишнина од војната.

Својот говор го заврши со директно обраќање до народот на Русија.

САД и Европа, кои обезбедуваат оружје и финансиска помош за Киев, „не сакаат да ја уништат или контролираат Русија“, рече Бајден.

„Претседателот Путин ја избра таа војна“, рече Бајден. „Путин може да стави крај на војната со еден збор.“

Западот бара повлекување на руските сили од Украина од почетокот на војната.

Слични содржини