Медведев цитираше руски поет: Полска мораше да пропадне, освојувањата се најприродна работа

од Nikola Popovski

Руските државни медиуми и Министерството за култура на оваа земја започнаа проект наречен „Зборот на класиците“ во кој се читаат извадоци од делата на руските писатели, а еден од оние кои учествуваа е и Дмитриј Медведев.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација и поранешен прв човек на оваа земја, цитираше делови од делото објавено од рускиот поет и дипломат Фјодор Тјутчев.

Иако концептот теоретски треба да вклучува порелаксирани теми, Медведев ја искористи можноста да цитира делови каде Тјутчев зборува за односите со Западот, а особено со Полска.

„Со векови, европскиот Запад сосема невино веруваше дека не може да има друга Европа освен нејзината. Штом го препознаеме ова, станува јасна вистинската основа на брзите успеси што го запрепастија светот и извонредната експанзија на Русија.

Почнувате да сфаќате дека освојувањето и насилството биле најприродното и најлегитимното нешто што било направено во историјата. Тоа беше само едно огромно обединување“, го цитира Медведев рускиот поет кој објавил текст под наслов „Русија и Германија“.

Потоа се осврнал на деловите од текстот кои се однесуваат на односите со Полска.

„Станува јасно зошто, еден по друг, беа уништени сите неприродни аспирации, сили и институции. Станува јасно зошто Полска мораше да пропадне. Овде, се разбира, не станува збор за оригиналниот полски народ. Не дај Боже, туку за лажна цивилизација и лажна националност што му беше наметната“, порачал Медведев, цитирајќи го Тјутчев.

Слични содржини