Медведев: Доколку е потребно, руската армија може да стигне до Киев или Лавов

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев, изјави дека ништо не може да се исклучи и дека, доколку е потребно, руската армија може да стигне до Киев или Лавов, град во западна Украина.

„Ништо не може да се исклучи овде. Ако треба да стигнете до Киев, тогаш мора да одите во Киев, ако треба да стигнете до Лавов, тогаш мора да одите во Лавов за да ја уништите оваа инфекција“, рече Медведев во интервју за руски медиуми, во кое се зборува за конфликтот во Украина, кој Москва го нарекува „специјална воена операција“.

Медведев додаде дека е неопходно да се протераат, како што наведе, „сите странци во најширока смисла на зборот од руските земји“ и да се создаде „санитарна зона“ која не дозволува употреба на оружје со среден и краток дострел, пренесува РИА Новости.

Слични содржини