Медведев: Европејците ќе мора да ги намалат ринглите, нивните лидери се русофоби

од Nikola Popovski

Заменик-претседателот на Советот на Федерацијата на Русија, Дмитриј Медведев навести два проблеми со кои се соочува Европа – прекумерно зголемување на трошоците за живот и национално понижување.

Тој предвидува тажен исход.

Медведев се осврна на посетата на претседателот на Украина Володимир Зеленски на европските земји.

-Директни преноси, насловни страници на весници, фотографии со „европски газди“. Паралелно со тоа – стотици мобилизирани Украинци кои умираат секој ден, насилно донесени да ги заштитат интересите на владејачкиот нацистички режим, напиша Медведев на Телеграм.

Според него, „денешните европски „лидери“ се дилетанти и русофоби“.

Зборувајќи за проблемите на Европејците, Медведев посочи на неколку области.

– Првата е прекумерното покачување на трошоците за живот, со кое веројатно некако ќе успеат да се справат. Да се ​​јаде помалку, да се бања поретко, да се намали јачината на ринглите. А второто е многу полошо. Национално понижување. Старите „вистински“ Европејци веројатно би можеле да го земат тоа од „Големиот американски брат“. Кај него се главните пари и печатницата (никој не ја знае судбината на еврото) и големо оружје, па дури и пофалената американска демократија,  оценува тој.

Меѓутоа, како што вели, „владеењето на тие занесени млади европски лудаци ќе заврши многу тажно за старата европска цивилизација“.

– И онака се топи под налетот на емигрантите кои пристигнуваат од целиот свет. Наскоро ќе исчезне целосно, повторувајќи го познатиот мит за киднапирањето на Европа од страна на Зевс. Дури денеска улогата на бикот ќе ја има дрската Америка, на која со отворени усти од страста и служат предавници на европските интереси како Полска и балтичките земји, заклучил тој.

Фото: Yekaterina Shtukina/POOL/TASS

Слични содржини