Медведев: Глобализмот нема да исчезне, но светот нема да биде ист

од Stefanija Kuzmanovska

Потпретседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека коронавирусот ќе го промени светот засекогаш, но глобализмот нема туку така да исчезне.

Како што рече, пазарите ќе останат делумно затворени и осакатени подолго време, но тоа нема да значи дека глобализмот ќе исчезне.

„Глобалниот свет ќе остане таму каде што е, но никогаш повеќе нема да биде ист“, истакна тој.

Според Медведев, дигиталните технологии ќе останат водечка индустрија во светот и по завршувањето на пандемијата. Покрај тоа, додаде тој, транспарентноста ќе биде предуслов светот да ја преживее короната, пренесува „Спутник“.

„Мораме да ги споделиме сите информации, научни, практични, што и да е. Ова е единствениот услов да се преживее. Ако пандемијата го погодеше светот пред 25 години, кога дигиталните технологии штотуку започнаа, светот немаше да има соодветен одговор на тоа“, додаде тој. е

Медведев исто така рече дека последиците од пандемијата ќе достигнат скоро три проценти од бруто домашниот производ во светот, што е практично целиот БДП на Германија и Јапонија заедно.

Слични содржини