Медведев кон судијата: Дали си луд? Дали си глупав? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Изедначен тенис и – барем според мислењето на Данил Медведев – двојни стандарди. Русинот за време на полуфиналниот меч збесна на главниот судија на полуфиналниот меч со Стефанос Циципас и искрено се „дереше“ затоа што таткото на грчкиот тенисер постојано дофрлаше за време на мечот.

Посебно е интересно што натпреварот меѓу Медведев и Циципас го судеше Шпанецот Хауме Кампистол, со оглед на тоа што победникот од овој дуел во финалето оди кај неговиот сонародник Рафаел Надал. А во Мелбурн веќе имаше проповеди на тенисерите за фаворизирање на одредени играчи. На пример, Денис Шаповалов се пожали веднаш по мечот со Надал, бидејќи поминуваше премногу време меѓу сервисите. Сега Медведев ги загуби нервите.

– Дали си луд? Може ли неговиот татко да зборува во секој момент?! Дали си глупав? Зборува на секој поен?! Господе! О, боже, колку си лош човеку! „Како можеш да бидеш толку лош во полуфинале на Гренд слем“, извика Медведев.

Судијата само одговори дека „не може“ и мечот продолжи, иако Шпанецот не го предупреди Циципас, како што побара Медведев, за прекршување на правилата според кои на тенисерите не им е дозволено да се консултираат со тренерите за време на натпреварите. Ниту па со некој друг.

– Разбираш, нели? Ако не му дадеш предупредување за „коучинг“, ти си… како да кажам… мала мачка“, рече Медведев, кој беше на работ да каже „пи*ка“, но сепак некако се извлече.

Медведев на крајот го совлада Гркот со 3:1 (7:6, 4:6, 6:4, 6:1), а за натпреварот сигурно уште долго ќе се зборува. Во недела тој ќе игра со Надал во финалето.

Слични содржини