Медведев: Москва му даде безбедносни гаранции на Бајден пред неговата посета

од Vladimir Zorba

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден добил безбедносни гаранции пред денешната ненајавена посета на Киев, но не прецизираше кој од руска страна ги дал тие гаранции.

За време на неговата посета на Киев, Бајден разговараше со неговиот украински колега Володимир Зеленски.

„Бајден, откако доби безбедносни гаранции, конечно пристигна во Киев. Тој вети многу оружје и вети верност на неонацистичкиот режим до гроб. Се разбира, имаше многу навестувања за победа на нивна страна, која наводно ќе дојде со ново оружје и храбри луѓе“, напиша Медведев на својот канал Телеграм.

Слични содржини